Љубе Бошковски застана зад кандидатурата на Бочварски во Штип

by Fokus

Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски денеска имаше средба со членството и граѓаните во Штип, но истовремено му даде поддршка и на кандидатот за градоначалник на СДСМ, Благој Бочварски, бидејќи како што рече тој. Бочварски е човек без дамка.

-Ние како Обединети за Македонија веруваме во победата, веруваме дека сите ветувања дадени од Благој ќе бидат исполнети. Затоа застануваме цврсто зад него. Веруваме дека се што е ветено од Премиерот на Македонија ќе биде исполнето. Убаво е навистина за овој град конечно да се случат промените да дојде вистинска власт, да се замени веќе една стара кримонегена структура која го држи целиот град во заложништво – истакна Бошковски.

Поврзани новости