ВМРО-ДПМНЕ пак побара нови избори

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува СДСМ и Зоран Заев доколку се сигурни дека прифаќањето на сеалбанската платформа е добро за иднината на Македонија и таа би била поддржана од граѓаните, да прифатат распишување нови избори на кои би се гласало и за платформата од Тирана.

-На декемвриските избори граѓаните не гласаа за платформата од Тирана. Таа или која било платформа изготвена во туѓа држава не може и не смее да стане услов за формирање на влада во Република Македонија. СДСМ е уценет за да ја прифати платформата и да работи на изнаоѓање начини истата да се реализира. Помалку е важно со што е уценет Зоран Заев и СДСМ. Многу поважно е да се спречат последиците од уцената и спроведувањето на платформата. Тие ќе значат редефинирање на Македонија и носат ризик за да предизвикаат тензии.

Партијата во своето соопштение потенцира дека на декемвриските избори граѓаните не биле запознаени за платформата од Тирана.

Поврзани новости