НСДП за мандатот: Ѓорѓе, дај и го на Маја!

by fokus

Откако претседалот Ѓорѓе Иванов одби да му го даде мандатот за состав на влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев, Нова Социјалдеморктаска Партија, чиј што претседател е Тито Петковски му упати интересно отворено писмо на Иванов.

Писмото е објавено на нивната официјална страница, а во него од НСДП му предлага на претседателот да ја заврши својата ,,историска мисија’’ на доста оригинален начен, односно да ги следи стапките на шефот на Азербејџан, Илхан Алиев, кој што ја именуваше својата сопруга за прв потпретседател на земјата, и да и го даде мандатот на својата сопруга Маја Иванова.

Во целост во го пренесуваме нивното отворено обраќање до Иванов.

,,Почитуван господине Иванов,

Веќе на сите им е јасно дека причините за вашето политичко однесување не можат да се бараат во принципите на здраворазумското и рационално размислување, туку во некој ваш личен страв или уцена која ве турка во виорот на афективното и ирационално однесување.

Преку вашата истрајност во непочитувањето на Уставот и законите како да сакате својата лична трагедија да ја колективизирате, да ја наметнете на сите граѓани на Македонија, се со единствена цел да го задоволите вашиот наредбодавец, кој грчевито се обидува да се спаси себеси и својата криминална клика од одговорноста за сите злодела кои ги напаравија на државата.

Од вашата покорност не можете да видите дека вашиот претпоставен, на кого еднаш му го дадовте мандатот, нема ниту морален ниту политички капацитет да обезбеди 61 пратенички потпис, како основа за продолжување на неговото владеење. Не можете да го согледате изолирањето на државата и нејзиното туркање во провалијата на хаосот и поделбите.

Бидејќи на Зоран Заев не сакавте, а му ветивте, да му го дадете мандатот за состав на влада, а имајќи во предвид дека принципите на демократијата за вас не претставуваат никаков императив или извор на политичко однесување, во овој момент ви предлагаме својата „историска мисија“ да ја завршите на еден оргинален начин, кој за момент може да ве извади од сенката на наредбодавецот.

А тоа е да го следите примерот на шефот на Азербејџан, Илхам Алиев, кој својата сопруга ја именувана за прв потпретседател на земјата, и вие својата сопруга да ја определите за мандатор за состав на нова влада. Само на тој начин може да го компензирате неисполнувањето на вашата желба Груевски да биде повторно премиер, бидејќи ниту нови избори нема да му ги донесат толку посакуваните 61 пратеник’’ – е наведено во писмото на НСДП.

Вики Клинчарова

Поврзани новости