ВМРО-ДПМНЕ денеска слави роденден

by Фокус

Под слоганот „Единствени”, ВМРО-ДПМНЕ денес во 19 часот, во Музејот на ВМРО, ќе го прослави 27-миот роденден од формирање како политичка партија.

Во рамки на одбележувањето, вчера и завчера претходеа две панел дискусии, насловени како „Единствени кои носат инвестиции и отвoраат работни места“ и „Единствени кои реализираат проекти во инфраструктурата“.

Од партијата велат дека за време на нивното владеење се зголемиле пензиите, платите, субвенциите, се изградиле училишта, болници, аеродроми, патишта, гасоводи, се реализирале инвестиции…

Поврзани новости