391
Зошто се уште нема потерница по убиецот на на младиот фудбалер Мартин Јанушев, кој за овие три дена можел да избега и да стигне каде сака, праша Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.
-Убиецот на Јанушев за овие три дена можеше да се засолни било каде, да бара алиби и да се обиде да ја префрли вината на некое трето лице. Прашањето што се поставува во моментов е кој му ја дава оваа предност на убиецот и зошто тој добива ваков третман? Зошто нема потерница? Каде се снимките од безбедносните камери? Зошто се крие со каков автомобил се движеле? Дали е тоа така заради политичката блискост на сторителите со високи кругови во власта како што се говори на големо по социјалните мрежи? – праша Нацев.