ВМРО-ДПМНЕ: Не смее да се покачи акцизата на нафтата за да се задоволат апетитите на владата и „шарените“

by Фокус

СДСM и Зоран Заев мора да се откажат од намерите да ја покачат акцизата и на тој начин повторно да стават рака во џебот на граѓаните, побара Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ. Според неа, не смее граѓаните да плаќаат и да осиромашуваат за да ги се задоволуваат апетитите на владата и на таканаречените шарени револуционери.

-Не постои никакво оправдување за зголемување на акцизата. Владата на ВМРО ДПМНЕ не го стори тоа ниту во времето на најголемата економска криза. Владата на Заев и СДС крајно и бесрамно гo навредува и го потценува интелектуалниот капацитет на граѓаните. Преку советникот во министерството за финансии Бранимир Јовановиќ кој на посиромашните граѓаните им порачаa дека треба помалку да возат автомобили или да не се греат на нафта чија акциза владата ќе ја покачи за 3 денари. Секој граѓанин знае дека покачувањето на акцизата на дизелот ќе ја повлече инфлаторната спирала во стопанството, транспортот и конечно ќе се одрази на цените на производите и услугите. Покачувањето на акцизите ќе удри и по конкурентноста на домашните компании на меѓународниот пазар и негативно ќе влијае врз целокупната економија – рече Колариќ.

Поврзани новости