Владата им честита на антикорупцинерите кои поднесоа оставки

by fokus

Им честитаме конечно на поединци во Македонија и добро е што дојде време да се поднесуваат оставки од морални причини. Тоа е добро, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, коментирајќи ги оставките во Антикорупциската комсиија.

Според Бошњаковски, треба да се почека да заврши целиот процес за да се види како ќе оди назначувањето на нови членови во Комисијата.

– Во однос на тоа како ќе продолжи, да почекаме да заврши тој процес и доколку се поднесе колективна оставка или во која било форма понатаму ќе видиме како се процесира назначување нови членови на ова регулаторно тело, рече Бошњаковски, одговарајќи на новинарски прашања.

По извештајот од внатрешната ревизија во Комисијата по кој уследија оставки на претседателот на ДКСК Игор Тантуровски и на членот на Комисијата Игор Тантуровски и Горан Миленков, денеска оставка поднесе и членот на оваа Комисија Жаклина Дамчевска.

Според неофицијални информации оставки си поднеле и членовите Сејди Халили и Фарие Алиу.

 

Поврзани новости