Владата на Република Македонија испрати демант во кој негира дека има усвоено документ Преглед на Охридскиот рамковен договор за социјалната кохезија.

-Таквите Ваши наводи се целосно неточни и невистинити, и истите ги демантираме во целост. Владата на Република Македонија не само што не го усвои, туку одби да го постави и да расправа на владина седница за овој документ, се вели во демантот.

Демантот се однесува на сторијата на ТВ НОВА во која се вели дека во 2015 година бил изготвен документ насловен како „Преглед на Охридскиот договор за социјалната кохезија“, но во тоа време почнуваат „бомбите“, земјата влегува во криза и овој документ останал да чека нов парламент и влада за да биде и официјално пуштен во процедура во Парламентот.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.