Владата барала податоци од Фејсбук за осум корисници

by Фокус

Во последните шест месеци од минатата година, македонските власти поднеле пет барања за добивање на податоци за осум корисници и профили на социјалната мрежа „Фејсбук“, стои во последниот извештај на компанијата, а пренесува новинската агенција МЕТА.

Според податоците на најголемата социјална мрежа, кои се однесуваат на барањата на светските влади за податоци за нивните корисници, забележан е благ пад во барањата на македонски власти, кои во првите шест месеци на 2014 година поднеле 10 барања за 12 корисници или профили, поврзани со криминални дејства.

Најголем пораст на ваквите барања за добивање податоци за корисници на Фејсбук има кај владите на Турција и Индија.

Поврзани новости