ООН: Власта во Македонија да покаже одговорност

by Фокус

„Ние сме особено вознемирени поради содржината на неодамна објавените снимени разговори кои се чини обвинуваат високи официјални лица во цела редица нарушувања на човековите права, вклучително изборни измами, злоставување на граѓанското општество и членовите на опозицијата, мешање во судството и медиумите како и масовно прислушкување”, се вели во соопшението на ООН од Женева.

ООН е загрижена и за обвинувањата за шпионажа за лидерот на опозицијата. „Итно бараме од властите да покажат одговорност за секое нарушување на правната држава или нарушување на човековите права кои истрагата би можела да ги обелодени. Тоа ќе помогне да се зајакне довербата во институциите на државата. Во оваа несигурна политичка клима, особено е важно да се гарантира независноста на судството, почитување на правната држава и слободата на медиумите. Меѓународните стандарди за правично судење и процес мораат да бидат почитувани“- велат од ООН.

Поврзани новости