Таравари ја почна трката за градоначалник: Веќе обезбедив 11 милиони евра за реконструкција на болницата

by Fokus

Актуелниот министер за здравство Арбен Таравари ја почна градоначалничката трка, тврдејќи дека веќе почнал да работи.

– Јас веќе почнав и направив нешто. Обезбедив 11 милиони евра за реконструкција на општата болница. Нашата програма има девет приоритети како што е и бројката на гласачкото ливче. Она што сакаме да го направиме е да кажеме стоп за криминалот и корупцијата, а еден од приоритетите е општината да стане транспарентна и отворена за граѓаните, бизнисмените, медиумите – рече Таравари во обраќањето во Ценатрот за култура АСНОМ, во Гостивар.

Таравари ги наброја и конкретните проекти како: поддршка за развој на малите и средни претпријатија, јавен превоз со еколошки возила, бесплатен превоз за социјално загрозени лица и пензионерите, дом за пензионери, субвенции за еднородителските семејства, изградба на младински центар, училишни мензи со здрава храна.

Поврзани новости