Таки Фити: Неопходно е да се обединуваме со взаемна толеранција, не смееме да го спориме унапредувањето на јазиците

by fokus

Не смееме да го спориме унапредувањето на јазиците на сите наши заедници, треба тоа да го разбереме, изјави претседателот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) Таки Фити во вечерашното интервју на телевизија Телма.

-Неопходно е да се работи низ заеднички проекти, образование, комуникација, низ проучување на традициите, обичаите и различностите и да се обединуваме со заемна толеранција, рече Фити.

За спорот со името со Грција, тој констатира дека во науката и културата проблемите се помали и додаде дека е неопходно, токму во овие сфери соработката да продолжи. За економската состојба, рече дека во моментов објективна опасност од банкрот на државата нема.

Поврзани новости