Судиите ќе ги пробијат роковите за притворите

by fokus

Иако веќе изминува рокот од 24 часа во кој судиите требаше да одлучат дали ќе одредат притвор за поранешните функционери од власта, против кои СЈО вчера поднесе обвиненија, судиите од Кривичниот суд засега не донеле ниту една одлука по барањата за притвор.

Од Основниот суд Скопје 1 велат дека е можно рокот од 24 часа да биде пробиен, бидејќи се работи за голем број на предмети.

Вчера од СЈО до судот доставија 13 предмети, а во текот на денешниот ден ќе достават уште четири.

СЈО притвор бара за Никола Груевски, Сашо Мијалков, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Гордана Канческа- Милевска, Кирил Божиновски, Тони Трајковски и уште неколку поранешни владини функционери, како и за новинарот Драган Павловиќ-Латас.

 

 

Поврзани новости