Од 15 декември до 15 март специјалната обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим планираат да ги покажат првичните резултати од нивната работа пред јавноста, односно во овој период да ги поднесат и првите обвиненија.

Според финансискиот план на специјаланат обвинителка, кој денеска го објавија неколку медиуми, Јанева побарала буџет од околу еден милион евра и 124 вработени.

-Предвидените средства се проектирани како неопходни за Јавниот обвинител да ја изврши оваа, во моментот најодговорна функција во Република Македонија, пишува во финансискиот извештај на обвинителката Јанева.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.