Врачена наградата „11 Октомври“

by Фокус

Во Собранието денеска беше врачена наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста и во образованието и науката.

Добитници на наградата за 2015 година се писателот и академик Митко Манџуков, во областа на културата и уметноста, а во областа на науката и образованието ја добија проф. д-р Никола Јанкуловски, дигестивен хирург, проф.д-р Махмуд Хиса, професор по албански јазик, и проф.д-р Марјан Димитријевски, историчар и научен работник.

-Оддавањето признание за овој современ тип на борбапретставува акт на поддршка на современата македонска држава на прогресот и демократијата. Се надевам дека државната награда „11 Октомври“ уште долго ќе претставува симбол на независна, слободна, демократска Република Македонија и ќе биде показател на стремежот кон хармонија и напредок, рече Надица митреска, член на одборот за доделување на државната награда.

Наградата „11 Октомври“ е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и други дејности од јавен интерес на Македонија.

Поврзани новости