Сонцето од Кутлеш се вее над резиденцијата на г.г. Стефан

На резиденцијата каде што живее поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, развиорени се три знамиња. Државното знаме, знамето на МПЦ и знамето со 16 крако сонце од Кутлеш (Ѕвездата од Вергина), пишува НОВА ТВ.

Тоа е единственото нешто што може однадвор да се види во приватното живеалиште на Поглаварот на МПЦ, кое се наоѓа на скопско Кале.

НОВА ТВ испрати прашање до Црквата, дали поставувањето на знамето со сонцето од Кутлеш е лична желба на г.г. Стефан или тоа е политика на МПЦ, но не добиле одговор.

Истото прашање му го упатиле и на портпаролот на Синодот, владиката Тимотеј, кој телефонски одговорил:

„Никогаш во Синодот ние не сме расправале кој какво знаме ќе стави на приватниот објект каде што живее некој од владиците. Но, се знае дека тоа би требало да е државното знаме. Поставување на знаме со ѕвездата од Вергина не е политика на МПЦ, туку приватна желба на Поглаварот Стефан. Кај мене дома нема никакво знаме, но ако би ставил знаме, тоа би било тоа знамето на Република Македонија“.

Целата сторија на НОВА ТВ прочитајте ја на овој линк.