Собранието со работен викенд заради ребалансот на буџетот и локалните избори

by fokus

Собранието денеска ќе ја продолжи расправата за ребалансот на Буџетот, како и за распишување на локалните избори.

Пратениците од ВМРО ДПМНЕ сметаат дека со ребалансот се кратат капитални инвестиции и се намалуваат клучни трошоци во образованието, здравството, полицијата и други области.

Министерот за финансии пак, Драган Тевдовски кој го образложи буџетот рече дека трошоците се намалени заради непродуктивни трошења и за да се обезбеди простор за други мерки за социјална кохезија и поддрршка на домашните претпријатија.

Според предлогот, предвидено е кратење на 122 милиони денари од предвидените пари за патни трошоци, 257 милиони денари за репрезентации, реклами и економски промоции. Новина е и зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари, за што веќе се одвоени средства. Предвидени се средства и за стечајците, за поддршка на туризмот и за малите и средни претпријатија.

Рокот за собраниската расправа за буџетот ќе истече утре, кога е предвидено да се распишат локалните избори на 15 октомври.

Поврзани новости