Заев и Хазби Лика со детали за Законот за употреба на јазиците

by fokus

Откако Владата вчера го усвои текстот на Законот за употреба на јазиците, премиерот Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика денеска во Охрид ќе дадат изјави за медиумите.

Се очекува да дадат повеќе детали за текстот на законот со кој дополнително се уредува употребата на албанскиот јазик во разни области од општеството.

Од владата најавија дека откако законот ќе биде усвоен во Собранието за него ќе биде побарано мислење од Венецијанската комисија.

Во меѓувреме дел од медиумите го објавија текстот на Законот, според кој ќе има двојазични унформи во местата каде најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот и според кој јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик), исто така е службен јазик заедно со неговото писмо.

Поврзани новости