Собранието ги прифати барањата за апанажа на 38 пратеници

by fokus

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата, на денешната седница ги прифати барањата за апанажа на 38-те пратеници од минатиот владин состав. На следната седница закажана за вторник ќе се разгледува и едно барање за отпремнина за пензија на поранешен пратеник.

Меѓу барањата се и оние на Хазби Лика и Рамиз Мерко, кои станаа вицепремиери во новата Влада, како и на Лилјана Поповска. На Лика, Мерко и Поповска ќе им биде исплатен надомест за периодот од престанокот на функцијата пратеник, до назначувањето на новите функции.

Пратеничката Љубица Буралиева поднела барање за отпремнина до пензионирање, што е предвидено со последните измени на Законот за плати и надоместоци на избрани и именувани лица од 2014 година.

Апанажата ќе биде во висина на платата на пратениците, а ќе ја исплаќа Собранието на Република Македонија. Поранешните пратеници ќе имаат право и надоместок и за време на годишниот одмор.

 

Поврзани новости