Османи-Река: Македонија и Албанија треба да си пружат меѓусебна поддршка за влез во ЕУ

by fokus

На денешната средба која се оддржа помеѓу вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и амбасадорот на Албанија, Фатос Река, било заклучено дека членството во ЕУ е заедничка цел на Македонија и Албанија и дека земјите можат да си пружат меѓусебна поддршка во овој процес.

„Убеден сум дека во вакви времиња кога ЕУ се соочува со многу предизвици, интеграцијата на Западен Балкан треба да се гледа како одговор во справувањето со овие предизвици.“ изјавил Османи.

Вицепремиерот нагласил дека е потребна поддршка од нашиот сосед за членство на Македонија во НАТО, особено во претстојниот период и додал дека очекува поддршка од Албанија и за зачленувањето на Македонија во Јадранско-јнскиот регион и стратегија, стои во соопштението на СЕП.

Османи и Река изразиле надеж за можно заедничко отпочнување на преговорите за пристапување во ЕУ, бидејќи на тој начин двете земји ќе можат да разменуваат искуства и информации за процесот.

Тие се согласиле дека отпочнувањето на првиот инфраструктурен проект за енергетско поврзување на двете земји во висина од 12 милиони евра во рамки на Инвестициската рамка за Западен Балкан е јасен сигнал дека регионот заеднички пристапува кон надминување на предизвиците.

Поврзани новости