Скопјанец се обеси во летниковец во парк шумата „Гази Баба“

by fokus

38-годишен скопјанец со иницијали С.З. се обесил на греда во летниковец во парк шумата „Гази Баба“ во истоимената скопска општина.

Неговото тело било пронајдено вчера попладне околу 12.00 часот, од страна на случаен минувач кој трчал низ паркот.

Од страна на доктор од итна медицинска помош е констатирана смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото е дадено на судска медицина за обдукција.

 

Поврзани новости