Шекеринска: Точно е дека СДСМ предложи албански симболи на парите

by fokus

Министерката за одбрана, Радмил Шекеринска, потврди дека од СДСМ потекнува предлогот преку Законот за употреба на јазици да се озакони употребата на албански симболи на парите.

– Да. Нашите и досегашни книжни пари се мултиетнички и сега во моментов, меѓутоа сметавме дека е добро тоа да стои во законот како политичка заложба, како законска обврска. Инаку и сега се цитира, мислам дека е поглед низ традиционален албански прозорец. Нашите пари се помалку со личности, повеќе се делови од нашето национално богатство и сите етнички заедници во Македонија имаат со што да се пофалат. Македонија може, сега првпат имаме шанса да покажеме дека нашата шареноликост, етничка, религиозна.., во секоја смисла може да биде сила за Македонија – изјави Шекеринска во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

По однос на преговорите со името, Шекеринска рече дека Нимиц не соопштил нов предлог, туку на средбата меѓу медијаторот и државниот врв во Македонија, се разговарало само за идеи.

-На маса нема предлог и медијаторот Метју Нимиц со право е внимателен и сака повеќе да разговара за да, ако стави нешто на маса, има барем теоретски шанси да биде прифатено. Но, има идеи на маса. Тоа се идеите кои ни ги претстави во Њујорк, тоа се идеите за кои дискутиравме на состанокот со претседателот, со опозицијата, со ДУИ. Тоа се идеи за кои дискутиравме со него и ги кажавме своите мислења – тврди вицепремиерката и министерката за одбрана.

Поврзани новости