Села преживеал не затоа што тепачите се колебале, туку затоа што мислеле дека веќе е мртов, рече обвинителот

by fokus

Пратеникот Зијадин Села, го преживеал крвничкиот напад во Собранието на 27-ми април само затоа што неговите напаѓачи мислеле дека е веќе мртов, рече обвинителот Дарко Јакимовски, од Основното јавно обвинителство, на денешното прво рочиште во Кривичниот суд по овој предмет, во кој обвинети се десет лица.

-Доказите ќе покажат дека единствена околност која го спасила од смрт оштетениот Зијадин Села, не е колебањето на тепачите, туку фактот дека не давал знаци на живот и сите мислеле дека е мртов – рече Јакимовски во воведното обраќање.

Според него на Села му биле нанесени повреди на глава, од кои најмалку две биле животозагрозувачки.

Сите обвинети на денешното рочиште се изјаснија дека се невини за делото за кое се товарат. Нивните адвокати го оценија обвинението како неиздржано, затоа што не постои докажана волја кај обвинетите за извршување на делото.

Според дел од адвокатите на одбраната, нивните клиенти ги заштитувале пратениците, а не се обидувале да им наштетат.

Фото: МИА

 

 

Поврзани новости