-Цела Македонија дише отров наместо чист воздух. Според официјалните податоци од мерните станици загадувањето на воздухот во Скопје е 18 пати над дозволеното а во Тетово дури 20 пати над дозволеното. Колку е голем скандалот со масакрирањето на 47 децениските дрва во кампусот на УКИМ во Скопје потврдуваат овие податоци кои покажуваат континуирано загаден воздух во главниот град, реагираат од СДСМ.
Како што велат од опозициската партија, граѓаните на Скопје буквално се гушат од загаден воздух со огромни концентрации на канцерогени ПМ 10 честички а слична е сосотјбата и во градовите низ Македонија.
-Според Светка Банка, Македонија е на прво место на листата по изложеност на граѓаните на загаден воздух со опасни, канцерогени цврсти честички. Тоа е најголема причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во земјава, поради разни болести на дишните патишта и рак. Загадувањето е последица на погрешните политики на Никола Груевски кој потроши 630 милиони евра за споменици, троши 1 милион евра за ЛЕД телевизори, 600 илјади евра за мерцедес, се вели во соопштението на СДСМ.