Лидерите повикаа ДИК да одлучува без политичко влијание

by Фокус

Лидерите на четирите најголеми политички партии испратија заедничко соопштение откако се договорија за експертите кои ќе бидат членови на ДИК.

-Ние лидерите на најголемите политички партии, го поздравуваме постигнатиот договор за целосениот состав на Државната изборна комисија. Препорачуваме Парламентот да ги назначи Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов и Александар Чичаковски за независни експерти во Државната изборна комисија, стои во соопштението.

Груевски, Заев, Ахмети и Тачи ја повикаа Државната изборна комисија да ги донесе неопходните одлуки за прашања како што се кадровското екипирање, вклучувајќи професионален и висококвалификуван генерален секретар, за методологиите за проверка на избирачкиот список и да утврди постапки за проверка и за одлучување по изборни поплаки врз основа на законските начела, без политичко влијание.

-Ги повикуваме граѓаните да пријават било какви злоупотреби кои ги воочиле до Државната изборна комисија и другите официјални тела со релевантни овластувања како што е Народниот правобранител, апелираа лидерите во заедничкото соопштение.

Поврзани новости