ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ кога беше на власт не направи ништо за загадувањето

by Фокус

-Дали има барем еден проект кој министрите за животна средина во време на СДСМ го преземале за да се подобри квалитетот на воздухот? Ниту таков проект има, ниту СДСМ имал намера било како да се бави со оваа проблематика. СДСМ има намера само да продолжи да се бави со несериозен пристап кон оваа многу сериозна тема, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Според владејачката партија, СДСМ не го интересира воздухот, туку го интересирале политичките поени кои може да ги приграби, притоа надевајќи се дека граѓаните ќе заборавеле дека СДСМ ништо не презел за да се справи со загадениот воздух.

-Но, народот памети. Народот гледа. За разлика од СДСМ, владата на ВМРО-ДПМНЕ го спроведе законот сите индустриски капацитети да ги осовременат своите технологии до 1-ви април 2014 година. Оваа влада и градоначалникот Трајановски изградија и проширија булевари во Скопје за побрз проток на сообраќајот. Оваа влада набави преку 300 нови автобуси кои 40 години не беа променети, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости