Со денешната одлука, да не се констатираат оставките на пратениците, може слободно да се заклучи дека Груевски е подготвен да разговара за барањата на опозицијата, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
– Оттука следно што се очекува е одржување средба на којашто претседателот Заев ќе ги соопшти барањата на опозицијата, што ќе бидат теми на можните разговори за надминување на последиците од нерегуларните избори – потенцираше Шилегов.
На новинарско прашање за одлуките на Солза Грчева и Љубица Буралиева да останат во Собранието Шилегов изјави дека тие одлучиле да се раководат од лични или други интереси.
– Иако мандатите што им беа доверени се врз основа на одлуки донесени одстрана на партиските тела на СДСМ. Во Статутот на СДСМ постојатодредби за регулирање на начинот на членување доколку не сепочитуваат одлуките и ставовитте на органите на СДСМ и според тоаќе биде постапено – додаде гласноговорникот на СДСМ.