СДСМ бара ДИК да образложи зошто нема да се проверуваат 124.000 спорни гласачи

by Фокус

Државната изборна комисија треба да им ја образложи на граѓаните апсурдната одлука со која над 124.000 сомнителни гласачи нема да се проверуваат, бара СДСМ.

„Тоа не е во согласност со принципиелната борба што ја водиме за вистината и правдата. Овој состав на ДИК не смее да дозволи сомнеж во избирачкиот список и има обврска, согласно законот, целосно да го прочисти. Граѓаните и Македонија заслужуваат целосно прочистување на избирачкиот список затоа што само со целосно прочистување на избирачкиот список може да има регуларни избори“, соопштија социјалдемократите.

Поврзани новости