Трајанов реизбран за лидер на ДС: Промените доаѓаат на следните избори!

by Фокус

Павле Трајанов, на денешниот партиски конгрес, беше реизбран за лидер на Демократскиот сојуз.  Трајанов повика на обединување и формирање на нова политичка сила како одговор на граѓанската определба за политички промени.

– Ние се залагаме за раскрстување и демонтажа на еднопартизмот и олигархиската елита во Македонија. Обидите на некои да не скршат, да не замолчат, да не маргинализираат, пропаднаа. Колку повеќе не притискаат, толку сме поединствени и цврсто определени да предлагаме решенија и да ги движиме и менуваме работите – рече староновиот лидер на ДС.

За фер и демократски избори, според него, потребна е одговорност за сите сторители на тешки кривични дела, ослободување на медиумите, одвојување на партиите на власта од државата, поддршка за СЈО и прочистување на избирачкиот список.

Поврзани новости