Милошоски: Во Македонија има гласачи, не фантоми

by Фокус

Изборната волја која што ќе ја изразат гласачите, од СДСМ ја нарекуваат изборна волја на 100.000, 200.000, па и 500.000 фантомски гласачи, изјави Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Пред неколку месеци СДСМ почна да ја манипулира јавноста со измислување на фантоми само да ги оправда катастрофалните изборни порази. За фантоми беа прогласувани жителите на Брвеница, Битола, Штип, Велес, Гевгелија. Чудно е зошто СДСМ не виде фантомски гласачи во Струмица, Центар, Куманово и зошто не виде фантомски гласачи 2002, 2004, 2006, 2008 година – рече Милошоски.

Според него, ВМРО ДПМНЕ во ДИК покажал принципиелен став дека поддржува секаква и во секое време проверка на избирачкиот список, со цел опозицијата да биде уверена во избирачкиот список и да не ги оспорува следните избори.

 

Поврзани новости