Продолжуваат препукувањата меѓу власта и опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ „бомбардира“ со соопштенија

by Fokus

Продолжуваат секојдневните препукувања меѓу опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и владејачката СДСМ.

Најголемата опозициска партија редовно на дневна основа излегува со по седум до осум соопштенија, критикувајќи ја работата на новата влада во речиси сите сектори, почнувајќи од здравството каде што упорно тврдат дека се вработуваат партиски кадри, па завршувајќи со СЈО, за кое што велат дека е продолжена рака на СДСМ. Исто така, мета на критика редовно е и работата на министерот за финансии Драган Тевдовски, како и задолжувањата.

Од ДПМНЕ денеска критиките се насочени кон министерот за здравство Арбен Таравари и првиот човек во финансии Тевдовски.

Поврзани новости