Пратеникот Димитриевски ги демантира шнајдерите во МВР: ВИДЕО од тепачката во Куманово

by fokus

Пратеникот на СДСМ Максим Димитриевски, кого полицијата го обвини дека тој бил иницијатор за тепачката на семејна веселба во ресторан во Куманово денеска објави видео од инцидентот што се случи пред некој ден.

Пратеникот Димитриевски освен ова видео денеска даде и објаснување за работата на МВР во овој случај:

„Бидејќи СВР Куманово работи пристрасно и монтира случај веќе четири дена, има реален проблем да ги најде насилниците, а во континуитет не ги зема предвид нашите пријави, еве во интерес на јавноста ќе ви ги посочам и јавно кои се насилниците, кои што вечерта ја направиле оваа фотографија, татко полицаец и син, луѓе кои што сакаа да не линчуваат, за жал тие се само инструмент (Има тука и луѓе кои беа коректни)

На видеото јасно се гледа како таткото насилник удира колега од безбедноста и континуирано со синот насилник насрнуваат на нас, не само што не нападнаа и ни ја растурија веселбата, да биде срамот поголем се тегнеа и влечеа со жени и останатите гости, а на сето тоа нивните колеги од СВР Куманово ги пуштија да си заминат“, вели Димитриевски.

Поврзани новости