Поскапување на паркирањето во Центар до 50 отсто

by fokus

Општина Центар планира да го поскапи паркирањето во Центар како една од мерките против загадување на воздухот и решавање со проблемот со метежот на паркиралиштата во скопскиот центар. Општината подготвува предлог одлука со која ќе се дуплира цената за еден час паркирање.

Се уште не е одлучено дали оваа промена ќе се воведе пред или по Нова Година. Од Општината наведуваат дека предлогот треба прво да ја помине процедурата во Советот, односно советниците да ја изгласаат ваквата одлука. Предлогот, велат од таму, е по примерот на светските метрополи.

Поврзани новости