Поради митинг, „Илинденска“ ќе биде затворена до сабота

Сообраќајот на булеварот „Илинден“ на потегот од крстосниците со булеварите „Гоце Делчев“ и „Св. Климент Охридски“ од 22 часот вечерва до 2 часот во сабота ќе биде во прекин во двата правци, соопшти МВР.

Сообраќајот пред Владата ќе биде во прекин поради предизботрен митинг, а ќе се одвива десно по булеварот Св. Климент Охридски и по булеварот Гоце Делчев“и лево по булеварот „ВМРО“.