Тврдокорните се разочараа, Иванов не им го прими барањето за одземање на мандатот на Заев

by fokus

Неколку таканаречни патриоски здруженија меѓу кои и Здружението на граѓани „Преродба“, Семакедонскиот национален совет „Македониум“ и МПЗ „Тврдокорни“ денеска организираа протестен марш со барање од Иванов да му го одземе мандатот на премиерот Зоран Заев.

Маршот го почнаа пред канцеларијата на ЕУ, а потоа продолжија кон претседателската вила на Водно. Таму сакаа да му го предадат барањето на претседателот Ѓорѓе Иванов. Но, кога пристигнаа, обезбедувањето им кажа дека Иванов си заминал.

-Македонските носители и бранители на државниот суверенитет имаат барање за одземање на мандатот на З.З. – СДС поради непридржување кон дадените гаранции и работењето против македонските национални и државни интереси, а за туѓи интереси и рушење на државата. Со одземањето на мандатот ќе биде овозможено да се преземат сите неопходни мерки за заштита на уставниот поредок и државата од сите дејства со кои земјата/државата (Р. Македонија) и македонскиот народ се ставаат под директна мирна окупација, стоеше во соопштението од „Тврдокорни“.

Поврзани новости