Поповски и Бошњаковски протестираа со новинарите

by Fokus

Роберт Поповски, министерот без ресор и портпаролот на владата, Миле Бошњаковски денеска протестираа заедно со новинарите пред Владата.

Поповски на протестот истакна дека во име на сите коалициони партнери во владата го осудува овој вербален напад врз новинари.

– Оваа влада има нула толеранција за напад врз новинари. Никој нема да биде заштитен. Сите граѓани и медиуми имаат обврска слободно да си ја вршат работата. Но, не е владата единствената институција. Тука мислам на Јавното обвинителство затоа што министерството за внатрешни работи си ја заврши беспрекорно работата. Кога имате забелешки, чувство за притисок слободно информирајте не. Цензурата е забранета со Уставот на РМ – истакна Поповски.

 

Поврзани новости