Почина Стамен Филипов, „уривачот на закони“, кој поднесе 1.200 претставки до Уставен суд

by Fokus

На 74 години, почина Стамен Филипов, правник во пензија, човекот кој поднесе најмногу иницијативи пред Уставен суд за преиспитување на уставноста на многу закони и законски решенија.

Стамен Филипов до судот, во текот на своите пензионерски денови поднесе 1200 претставки , од кои дури 308 му биле прифатени.

Стамен Филимов или како што го нарекуваа новинарите  „уривачот на закони“, „борецот против лошите закони“, човекот кој две децении будно ја штитеше уставноста на нашата земја беше симбол на граѓанскиот активизам.

 

Поврзани новости