ДС: Загадувањето на воздухот се решава кога е ветровито

by Fokus 10:43
10:43

Демократскиот сојуз смета дека е неопходна Стратегија за намалување на загадувањето на воздухот во која ќе бидат дефинирани краткорочни и долгорочни мерки. Во оваа насока предлага Владата да формира експертски тим кој ќе ја подготви Стратегијата и ќе предложи измени во законите.

Гасификацијата, користење на обновливи извори на енергија за затоплување, како и ригорозни мерки спрема потенцијалните загадувачите (индустриски и други капацитети) се само дел од мерките кои деновиве се предлагаат.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

Врз основа на научни студии, Градот Скопје и општините, да подготват конкретни програми за намалување на загадувањето на воздухот (урбани решенија со кои не се попречуваат ветровите, зелени површини, такси возила на електричен погон, бесплатен јавен превоз, исфрлање на цврсти енергенси за затоплување, забрана на користење на машинско улје за затоплување и др.).

Научните студии, Стратегијата и програмите за намалување на загадувањето, како и долгорочните решенија треба да се подготват во најкус можен рок и паралелно да се преземаат и краткорочни мерки. Плановите за почист воздух да се подготвуваат тогаш кога е ветровито, а воздухот чист, велат од ДС.

Поврзани новости