605
Деновиве вест број еден во Македонија е протерувањето на дипломат на Руската Федерација во Република Македонија. Меѓутоа, најбитно е што Никола Димитров шпионите ги бара на погрешна адреса, тврдат од Единствена Македонија.
„ Американската амбасада е вистинското шпионско дувло каде во моментот има дури 80 агенти на ЦИА, а под нивна целосна контрола се и околу 1000 вработени агенти во македонската тајна полиција кои исто така се филијала на ЦИА. Во американската амбасада има посебен разузнавачки центар во кој се сместени агентите на ЦИА, а кои во Македонија се камуфлирани во најразлични форми – културни, трговски, политички секретари и слично – се наведува во партиското соопштение.