Папата Франциско се помоли за Македонија по насилството во парламентот

by fokus

Папата Франциско повика на молитва за Македонија поради сериозната политичка ситуација во земјата и по насилните случувања во македонскиот паралемент во четвртокот.

Папата повикот за молитва го упати на Плоштадот Свети Петар во Ватикан, пред околу 10.000 луѓе.

Поглаварот на Римокатоличката црква им зборуваше на верниците и за ситуацијата во Венецуела, барајќи да се стави крај на насилството и тешката хуманитарна, социјална, политичка и економска криза во таа земја.

Тој изрази загриженост поради големиот број загинати и повредени луѓе во Венецуела.

Поврзани новости