610
Се покажа дека притворувањето на претседавачот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, била со цел насилно преземање на мнозинството во општина Центар, изјави Игор Алџајков, координатор на советничката група на СДСМ во Општина Центар, откако опозициските советници ја напуштија седница советот по утврдувањето на дневниот ред со трите спорни ДУП-ови, што беше овозможено со водржаноста токму на Шиповиќ.
– Ние, советниците на опозицијата во општината Центар, како и опозицијата воопшто, нема да дозволиме да бидеме заложници на бизнисите на власта тешки 630 милиони евра евра и ќе ги искористиме сите механизми што ни стојат на располагање за да се спротивставиме на дивеењето на урбана мафија на ВМРО-ДПМНЕ – рече Алџајков.