484
Утрово во 10 часот во граѓанскиот суд требаше да се одржи рочиште за случајот во кој министерката Елизабета Канческа-Милевска го тужи за клевета портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Меѓутоа, сослушувањето на странките се одложи за 5 ноември годинава, бидејќи судијката беше отсутна.
Според Канческа-Милевска, Шилегов на пресконференција искажал лаги, манипулации и невистини за проектот “Скопје 2014”.
Министерката од портпаролот на СДСМ бара 11.000 евра обештетување за навреда на честа и угледот.
Неодамна, потпаролот на СДСМ, за клевета го тужеше и министерката Гордана Јанкуловска. Првостепениот суд одлучи дека Шилегов треба да и плати над 8.000 евра на министерката за лекување на душевните болки кои и ги нанел.