Нов предизвик во Македонија: Голи на снег за здравје

Интересен предизвик деновиве се шири на социјалните мрежи, инициран од група на млади и храбри велешани.

Се работи за позирање на температури под нулата, на снег, по гаѓи, а велешките момци први ја почестија јавноста со своите фотографии направени покрај езерото Младост, на температура 13 степени под нулата.

Веднаш по велешани, и штипјани преку социјаните мрежи повикаа на позирање на кејот на реката Отиња, но од пријавените 50, се соблекле само пет момчиња, кои што порачале дека не ги плашат студот и ниските температури, и со своите фотографии упатиле честитка за Божиќните празници.

И во Куманово со слични фотографии група на момчиња ги честитале празниците, а интересот за предизвикот е голем и веќе во повеќе градови се бараат јунаци кои што ќе се приклучат кон позирањето во кампањата наречена ,,Слика на снег на -13’’.

Инаку, во Русија каде што во зима владеат ледени температури, секоја година се практикува трчање на голи деца на снегот, но и полевање со кофа со ладна вода, со цел децата да станат имуни на вирусите.

Вики Клинчарова