Специјалци не им дозволуваат на синдикалците да влезат на работните места

by fokus

Околу триесетина припадници на единиците за спречување на нарушување на јавниот ред и мир денеска претпладне влегоа во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија во пресрет на закажаниот протестен собир на дел од синдикалците кои протестираат поради, како што велат, нелегалното окупирање на Сојузот од страна на разрешениот претседател Живко Митревски, објави Новатв.

-Полицијата дојде во голем број и синдикатот е максимално обезбеден да се спречи нашето влегување таму иако ние имаме право да бидеме во Синдикатот. Ја прашавме полицијата зошто не не пуштаат внатре и ни рекоа дека имаат таква наредба, побаравме да ја видиме наредбата, но не ни ја покажаа, вели Пеце Груевски од Синдикатот на УПОЗ.

Поврзани новости