Нимиц: Новата влада во Скопје со нови идеи за надминување на разликите со Грција околу името

by Fokus

Не носам никакво предлог-решение во Скопје, доаѓам да разговараме за напредокот во преговорите со Атина околу спорот за името – вели специјалниот посредник на Обединетите Нации, Метју Нимиц во пресрет на посетата на Македонија.

Тој доаѓа по покана на новата македонска Влада, а во интервју за 360 степени вели дека е добро што новиот државен врв веднаш покажува волја разговорите да продолжат.

„Во Скопје има нова влада со нови идеи околу ова прашање. Во изминативе неколку години од различни причини времето не беше соодветно за интензивни и сериозни преговори за прашањето за името. Се надевам дека вниманието се враќа кон ова многу важно прашање, одам за да се сретнам со страните и да ја тестирам подготвеноста за сериозен напредок. Овој пат не носам нов предлог“, изјави Нимиц.

Поврзани новости