Нано Ружин: Ниту сум ловел, ниту ќе ловам

by fokus

Професорот, Нано Ружин, кој се појави меѓу политичарите и ловџиите фотографирани со убиените диви свињи на „Јасен“, во изјава за Телвизија 24, вели, ниту убил животно, ниту допрел оружје. Додава дека и тој бил згрозен од самиот чин.

„Ниту сум ловел нити ловев нити ќе ловам. Затоа што едноставно не сум таков човек не сум пасиониран. Едноставно луѓето уживаат во тоа, а јас тоа не можам да го сфатам тоа уживање. Во суштина се согласувам дека сликата не е коректна, стравична е и разбирливо е дека невладините бараат некои консеквенци но не знам колку од правен аспект тие се оправдани“, вели Ружин.

Откако од невладината „Анима мунди“ најавија кривична пријава, за Тв24 од надлежниот инспекторат за шумарство и лов, велат дека нема ништо спорно во случајот, бидејќи стрелањето било законски оправдано. Од таму објаснуваат дека сезоната била завршена за лов на отворено, додека во затворениот дел законски се стрела преку цела година.

„Во затворениот дел е дозволен лов, и тоа само на машки диви свињи. Во овој случај нема ништо незаконско. Наместо директно да се носат во кланица, на овој начин се наплатува страста на ловџиите“ – велат од Државниот инспекторат за лов.

На ист став се од Министерството за земјоделство, од каде тврдат дека во случајот нема ништо противзаконско.

 

Поврзани новости