МВР: Откриени се уште четворица вмешани во немилите настани во Собранието

by fokus

Во врска со настани од 27.04. во Собранието на РМ, вчера (04.05.) од страна на СВР Скопје во соработка со ОЈО на службени разговори се повикани повеќе лица за кои постоле сомневања дека биле инволвирани во настаните во македонскиот парламент, соопшти МВР.

„Притоа, поради констатирано постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело – “учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ по чл 384 од КЗ на РМ од страна на лицата Д.Т. (42), Ѓ.М. (52) и Т.О. (52) сите од Скопје, како и кривично дело – „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по чл.385 од КЗ на РМ од страна на лицето Н.П. (39) од Скопје, за истите СВР Скопје до Основно јавно обвинителство Скопје ќе поднесено посебно Известување“, се вели во информацијата од МВР.

Секторот за внатрешни работи Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје вели дека  и понатаму презема мерки и активности во врска со настаните во Собранието и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните.

Поврзани новости