Горан Ангелов е приведен, протест пред полициската станица во Кисела Вода

by fokus 13:23
13:23

Уапсен е велешанецот Горан Ангелов од македонското патриотско здружени „Ќосето“, соопштуваат од СВР Скопје.

Пред полициската станица во Кисела Вода се собрале 25 граѓани од здружението „Ќосето“ затоа што од Одделот за насилен криминал во полициската станица Ангелов бил повикан на разговор, јави Плусинфо.

- Advertisements -

Ангелов беше регистриран на повеќе видео материјали од 27 април, како директно му се заканува на Зоран Заев, но и на другите пратеници. Тој веднаш по насилниот упад во Собрание и претепувањето на пратениците, преку социјалните мрежи побара амнестија од претседателот Ѓорге Иванов.

Поврзани новости