Видео: Како полицијата ловеше студенти во читална на 5 мај 2015 година

by fokus

За разлика од слабото полициско обезбедување кое минатата недела дозволи стотици граѓани слободно да влезат во Собранието, од кои дел беа насилници кои физички ги нападнаа и тепаа пратениците и новинарите, на 5 мај 2015 година, полицијата ја демонстрираше својата сила и моќ.

Тогаш, граѓаните кои протестираа пред Владата по објавата на бомбата на опозицијата за убиството на Мартин Нешковски, влегоа во дворот на Владата, но  не влегоа во зградата бидејќи беа спречени од кордони полиција и специјални полициски сили.

По неколку часа протестирање, полицијата почна акција на растерување на демонстрантите со водени топови, димни бомби. Акцијата траеше до доцна во ноќта, додека полицијата дури и ги бркаше граѓаните кои беа на протестите по улици и згради, каде ги апсеше.

Беа регистрирани повеќе случаи на полициска бруталност и прекумерна употреба на сила, како на пример упадот во читалната во центарот на Скопје, кога силно вооружените полицајци влегоа да бараат демонстранти меѓу студентите, со зборовите „никој не учи во 11 навечер“.

Поврзани новости