МВР го истражува полициското постапување при вчерашниот протест против армијата на САД

by fokus

Во врска со вчерашниот настан околу протестот по повод презентацијата на воена, медицинска и техничка опрема во Скопје, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР веќе постапува по налогот за детално истражување на полициското постапување при протестот на неколкумина граѓански активисти. Притоа, доколку се утврди пречекорување на превземените полициски дејствија, тоа ќе биде соодветно санкционирано.

„Правото на протест е неприкосновено и со Уставот на Република Македонија – загарантирано право кое што, меѓу другото, полицијата има должност да го штити, исто како што има должност да го штити јавниот ред и мир и сигурноста и безбедноста на сите граѓани на Република Македонија.

Исто така, во оваа прилика Министерството за внатрешни работи категорично ги демантира сите наводи за некаво приведување на лицa во врска со посочениот настан“, стои во соопштението од МВР.

Поврзани новости